Инвестиција од 200 милиони евра во наводнувањето

Bez autora
Jun 05 2014

Од 2015 година во следните десет години Владата ќе вложи над 200 милиони евра во проширување и реконструкција на постојните и изградба на нови објекти во системот за наводнување. Акцискиот план што го подготви владиниот Kомитет за наводнување предвидува во првите неколку години да бидат вложени околу 18 милиони евра годишно за овие цели, а во следните години средствата да се зголемат во износ што нема да биде помал од 20 милиони евра годишно. Многу работи во земјоделството напреднаа, дел се решија, меѓутоа наводнувањето остана еден од погорливите проблеми, кој во иднина се заканува да биде уште погорлив, имајќи ги предвид климатските промени и дотраеноста на системите, истакна премиерот Никола Груевски на вчерашната прва официјална презентација на Стратегијата пред градоначалници и директори на водоводни претпријатија.

Инвестиција од 200 милиони евра во наводнувањетоОд 2015 година во следните десет години Владата ќе вложи над 200 милиони евра во проширување и реконструкција на постојните и изградба на нови објекти во системот за наводнување.

Акцискиот план што го подготви владиниот Kомитет за наводнување предвидува во првите неколку години да бидат вложени околу 18 милиони евра годишно за овие цели, а во следните години средствата да се зголемат во износ што нема да биде помал од 20 милиони евра годишно.

- Многу работи во земјоделството напреднаа, дел се решија, меѓутоа наводнувањето остана еден од погорливите проблеми, кој во иднина се заканува да биде уште погорлив, имајќи ги предвид климатските промени и дотраеноста на системите - истакна премиерот Никола Груевски на вчерашната прва официјална презентација на Стратегијата пред градоначалници и директори на водоводни претпријатија.

Документот е изработен во соработка со водостопанските претпријатија, корисниците на државно земјоделско земјиште, со фармерите што имаат поголеми земјоделски површини, како и во консултација со експерти од Турција, Израел и Хрватска. Документот треба да биде усвоен најдоцна во септември откако претходно ќе бидат анализирани сите предлози и забелешки.

- Нема добро земјоделство без вода и тоа нам како Влада ни е сосема јасно. Се работи за добро организиран, систематски приод на инвестирање во наводнувањето. Се надеваме дека документот на крајот ќе биде општо прифатен. Ова е документ што не сакаме да остане само на хартија, туку да биде реализиран - нагласи Груевски, кој ги повика сите релевантни фактори да се вклучат во дебатите со свои сугестии.

Освен инвестициите во системот за наводнување, планирано е да се изврши и реформа во менаџирањето со системот за наводнување.

- Од 2004 година до денес се раководиме по концепт што се покажа дека не е доволно функционален и оти не ги задоволува потребите на македонското земјоделство. Истовремено површините што претходно беа под системот за наводнување, се намалуваат. Преку овие инвестиции имаме намера површините под системот за наводнување да бидат од 80 до 85 илјади хектари и добар дел по системот за одводнување. Тоа се сериозни површини затоа што сакаме да обезбедиме континуитет на земјоделското производство, зголемување на количините и на квалитетот на земјоделските производи и справување со климатските промени - истакна министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

Тој најави дека од годинава ќе почне и изградбата на браната на Оризарска Река во Kочани и на браната Kоњско во Гевгелија, кои се два значајни проекта за земјоделството. Истовремено продолжува и реализација на втората фаза од хидросистемите Злетовица и Лисиче.

Земјоделските здруженија се задоволни од десетгодишната стратегија и се надеваат дека со најавените инвестиции ќе го задржат производството.

- Веруваме дека со овој план навреме сите предвидени земјоделски површини ќе бидат снабдени со вода и таа ќе се користи домаќински. Што е најважно, ќе го задржиме производството затоа што со климатските промени може да се случи голем дел од земјоделските површини да останат без приноси - изјави Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделците.

Претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров, се надева дека со новиот документ ќе се надминат проблемите во наводнувањето.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik